Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста на Предлог законот за игри на среќа

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во казина и автомат клубови, АПИС, ја поздравува одлуката на членовите на Комисијата за финансирање и буџет конечно да се одважат и да го прифатат нашето заедничко барање за одржување јавна расправа по повод Предлог законот за игри на среќа кој го помина првото читање, велат од АПИС […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во казина и автомат клубови, АПИС, ја поздравува одлуката на членовите на Комисијата за финансирање и буџет конечно да се одважат и да го прифатат нашето заедничко барање за одржување јавна расправа по повод Предлог законот за игри на среќа кој го помина првото читање, велат од АПИС во соопштение.

За жал, асоцијациите и здружението на вработени во секторот, до сега немаа можност, со својата експертиза, знаење и искуство да дадат придонес во процесот на изработка на ново одржливо законско решение. Иако сме прва линија на имплементација на актуелниот важечки закон за игри на среќа, кој е еден од најстрогите во регионот и пошироко, ни беше ускратена можноста преку инклузивен процес да креираме регулатива согласно сите европски и светски стандарди.

Јавната расправа е демократска алатка која ќе овозможи претставници на асоцијациите и вработените во легалните објекти со аргументи на целокупната јавност да ја објаснат штетноста на одредени одредби од Предлог законот за игри на среќа. Ќе зборуваме за закон кој се однесува на економски сектор со повеќе од 10 илјади вработени што вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец. Ќе зборуваме за регулатива од која зависат повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво. Ќе зборуваме за уставно спорните одредби и решенија. Ќе предупредиме дека вака подготвен закон на среден рок ќе направи хаос во општеството кој тешко ќе може да се спречи. Подготвени сме во законодавниот дом да се соочиме со дежурните критичари на игрите на среќа, кои нема да преземат одговорност за тоа што ќе следи доколку овој Предлог закон се изгласа.

Реклама

Доколку се прифатат нашите аргументи, подготвени сме веднаш да учествуваме во мешовита работна група која во кус рок ќе изработи ново законско решение по европски и светски стандарди за игри на среќа, кое ќе ги даде вистинските одговори за грижите на граѓаните и ќе биде спроведлив во пракса.