Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Апелација ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно постапување

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против поранешната директорка на Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје, информира дека по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донела одлука со која ги уважува жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетата Лидија Димова. 

-По повод жалбите и по службена должност,  пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата Л.Д. од С. е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата – се вели во соопштението од Апелација.

Реклама

Во образложението на одлуката, Апелација наведува дека „од битно влијание е и утврдување на фактот дали со противправните дејствија за кои се товари обвинетата А. П. со поднесеното обвинение, е прибавена противправна имотна корист од поголема или од значителна вредност, односно во кој износ е таа имотна корист, кој факт е од влијание за утврдување на правилната правна квалификација на кривичното дело за кое се обвинува“.

-Погоре наведените околности и пропусти, според оцената на овој суд, придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да ги утврди сите релевантни факти и околности, како и правилно да ја утврди фактичката состојба во врска со кривично-правниот настан, односно кривичните дела кои и се ставаат на товар на обвинетата Л. Д. и кривичното дело кое и се става на товар на обвинетата А. П. и нивната кривична одговорност, поради што следуваше жалбите на обвинетата Л. Д. изјавена преку бранителот и на обвинителството да се уважат и по жалбите и по службена должност, нападнатата пресуда во обжалениот осудителен дел во став I од изреката и во обжалениот ослободителен дел во став II од изреката да се укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно судење – стои во одлуката на Апелација по предметот. 

Основниот кривичен суд Скопје во септември минатат година ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години, како и да плати судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, и да ја надомести и штетата од 22 725 220 денари на Националната агенција.