Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов – соопштија од судот. Со ова Ристов останува во куќен притвор откога одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.

Судијата Ристов, кој работеше во Апелацискиот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следува откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.

Случајот првично почна со адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој во декември 2025 година беше фатен ин флагранти при примање 20.000 евра од договорен вкупен износ од 100.000 евра мито. Парите, според Обвинителството, биле наменети за посредување и влијание врз апелацискиот судија за укинување мерка притвор во конкретен предмет.

Реклама

Стафа ја призна вината, склучи спогодба со Обвинителството и беше осуден на една година и три месеци затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Врз основа на обезбедените докази, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата, а постапката и натаму е во тек.