Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со највисока доверба кај граѓаните

Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет Вижн за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет Вижн за рејтингот на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и понатаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски. Иако владејачката партија речиси две години е на власт, а исто толку време Мицкоски е премиер, нивниот рејтинг и натаму е значително повисок во споредба со опозицијата. Вкупниот резултат на сите лидери на македонските политички партии е помал од довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имаат најголема доверба, најголем дел од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден од лидерите. Сепак, една четвртина од испитаниците, односно 25,2 проценти, рекле дека најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

Кога станува збор за поддршката на политичките партии, 24 проценти од испитаниците на прашањето за која партија би гласале на следните избори одговориле дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора е коалицијата Вреди со 5,1 процент, по што следуваат СДСМ со 4,9 проценти, ДУИ со 4,8 проценти, Левица со 3,1 процент и ЗНАМ со 2,1 процент. Воедно, 28,1 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, додека 9,7 проценти рекле дека сè уште не знаат дали ќе излезат на избори.

Реклама

Ако се земат предвид само испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија, повеќе од половина од нив би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Потоа следуваат Вреди со 11,5 проценти, СДСМ со 11,1 процент, ДУИ со 10,9 проценти, Левица со 7 проценти и ЗНАМ со 4,8 проценти.

Во анкетата било поставено и прашањето дали граѓаните се за влез на Македонија во Европската Унија со статус на земја членка без право на вето. Повеќе од половина од испитаниците, односно 52 проценти, одговориле дека се за такво решение.

На прашањето во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 проценти од испитаниците сметаат дека земјата се движи во правилна насока, додека 46,9 проценти оцениле дека државата се движи во погрешна насока.

Анкетата е спроведена во периодот од 2 до 18 март со примена на CATI методологија – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност, врз основа на податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.