Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Анкета: Орце Ѓорѓиевски со голема доверба кај граѓаните, хигиената најголем проблем со кој треба да се справат градоначалниците

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ужива голема доверба кај граѓаните, покажува истражувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ужива голема доверба кај граѓаните, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од МКД.мк и агенцијата „Маркет вижн. Анкетата покажува дека хигиената е најголем проблем со кој треба да се справат градоначалниците и дека проектот „Безбеден град“ е добредојден и треба да се примени и во други градови. 

Речиси половина од испитаниците односно 49 проценти одговориле потврдно дека се задоволни од работата на градоначалникот на Скопје, а 44,6 проценти се незадоволни. 

Речиси две третини од испитаниците сметаат дека градоначалникот на Град Скопје почнал со исполнување на ветувањата дадени на локалните избори.

Реклама

Истражувањето покажува дека граѓаните главно се задоволни од работата на градоначалниците во нивната општина (55,8%) и дека ги исполнуваат ветувањата. Сепак, сметаат дека најголем проблем е хигиената, на второ место е јавниот превоз, па урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници, загадувањето на воздухот…

За проектот „Безбеден град“ на МВР, најголем дел од испитаниците (44,6 проценти), во чие место на живеење е применет овој проект, сметаат дека системот е одлична и потребна работа, а 31,2 отсто дека системот е добра работа, но потребни се измени, додека 20,4 проценти не го поддржуваат овој проект. Најчесто наведувана предлог промена за Безбеден град е примената на системот на повеќе места и во повеќе градови. Две третини од испитаниците во чие место на живеење не е применет Безбеден град (67,6%) ја поддржуваат идејата да се постави системот и во нивното место.

Мнозинството од испитаниците (83,7%) изјавиле дека се запознаени со предлозите на законот за забрана на пушење на јавни места. Од нив, 65,5% го поддржуваат овој закон, додека 26,8% не го поддржуваат.

Една третина од испитаниците се запознаени со предлозите на Законот за високо образование. Од нив, повеќе од половина го поддржуваат законот, 28,6 проценти не го поддржуваат, додека 18 проценти немаат став.

Анкетирањето било спроведено од 2 до 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.