Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Анкета на Мкд.мк и „Маркет вижн: Mицкоски со рејтинг поголем од сите политичари заедно

ВМРО ДПМНЕ и лидерот Хиристијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО ДПМНЕ и лидерот Хиристијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство, во однос на рејтинзите за партиите и нивните лидери, покажува последната анкета на порталот Мкд.мк и агенцијата Маркет вижн. Повеќе од една третина од граѓаните веруваат дека работите одат во подобра насока, а тоа е за 3 % повеќе од резултате на анкетите спроведени во април годинава. Кобнкретно 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна.

Анкетата покажува дека најголема доверба кај граѓаните ужива лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христиан Мицкоски со 26.9%.  Од албанскиот политички блок најголема доверба кај граѓаните има лидеот на ДУИ, Али Ахмети  односно 6%.

На трето место е Венко Филипче како претседател на СДСМ со доверба од 4,7%. Претседателите на партиите од коалицијата Вреди, Изет Меџити и Билал Касами имаат по близу 2 проценти, а Африм Гаши има 1%. 

Реклама

Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Максим Димитриевски и Димитар Апасиев се изедначени со по 3%.

Од политичките партии, убедлива предност има ВМРО-ДПМНЕ пред опозициските партии. Дури 23,8% од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кај партиите на Албанците во Македонија опозициската ДУИ е во мала предност пред вкупниот резултат на владината коалиција Вреди.

Резултатите покажуваат дека повеќе од половина од испитаниците кои дале одговор за која партија ќе гласаат на наредните избори, го избираат ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се споредат резултатите на определените гласачи со минатите истражувања, пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има кај Левица и ДУИ.

Додека, пак, падот на Вреди е поврзан со напуштањето на коалицијата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Анкетирањето е спроведено телефонски од 20 јуни до 4 јули годинава на примерок од 1.200 испитаници.