Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Анкета на ИПИС: Расте незадоволството од мерките на власта во борбата со Ковид-19

Граѓаните разочарани од владините мерки во борбата против корона вирусот. Речиси половина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните разочарани од владините мерки во борбата против корона вирусот. Речиси половина од населението смета дека Македонија многу полошо се справува со опасната болест од земјите во Регионот. Ова го покажува последната анкета на  Институтот за политички истражувања од Скопје.

Истражувањето покажува дека за разлика од април кога 39,7 отсто од испитаниците биле  задоволни од работата на надлежните, во јуни таа бројка е 17,2 отсто. Незадоволството од работата на властите исто така порасна речиси тројно – во април 12%, а во јуни 32% одговориле дека не се задоволни од работата на надлежните.

Незадоволството во јуни е исто така поголемо во однос на април и за тоа како Македонија се справува со кризата во споредба со земјите од регионот – 48,3% сметааат дека тоа го правиме полошо, за разлика од април кога 17,1 отсто од испитаниците одговориле дека сме послаби од земјите во соседството.

Реклама

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството граѓани сметаат дека не ни се потребни избори сега. 24,8 проценти од анкетираните кажале дека се за евентуални избори на почетокот на јули за да има целосно функционални институции. Наспроти ова 40, 2 проценти се со став дека избори треба да има на крајот на август или септември со цел да се намали ризикот од новозаразени и да се обезбеди поголема излезност.

Испитувањето  на јавното мислење е спроведено од 2 до 5 јуни на 1.100 полнолетни испитаници во Македонија.

Адријана Алексиеска