Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Анкета: Лошото работење на Владата, пандемијата и корупцијата се главни виновници за лошата економска состојба

60 проценти од граѓаните ја оценуваат работата на Владата и премиерот како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

60 проценти од граѓаните ја оценуваат работата на Владата и премиерот како неуспешна, додека 20 проценти од испитаниците сметаат дека Владата добро се справува со економските проблеми, покажува истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн. На скалата од 1 до 5, и Владата и премиерот добиле оценка- двојка.

За дури 72 проценти од испитаниците економската состојба е лоша, а многу мал дел, или приближно 14% сметаат дека е добра.  11,8% македонски граѓани одговориле во анкетата дека економската состојба се подобрува, а за околу половина таа се влошува. Исто толку, или речиси една половина од граѓаните сметаат дека се влошуваат и условите за водење бизнис  или инвестирање.

Од анкетата може да се заклучи дека вработените во јавниот и во приватниот сектор различно ја оценуваат економската состојба во земјава. За вработените во приватните фирми, економската состојба е понеповолна, за разлика од вработените во администрацијата.

Реклама

10% од испитаниците живеат во сиромаштија и недостиг од основни добра, а приближно 40% се изјасниле дека многу внимателно трошат за да врзат крај со крај.

Ова е третиот дел од анкетата на порталот мкд.мк спроведена од агенцијата Маркет Вижн. Вториот дел беше објавен вчера, кој покажува дека пред  наредните избори ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 1,7%. Првиот  дел од анкетата, пак, откри, дека  корупцијата и нефункционалноста на правниот систем се дел од најголемите проблеми во развојот на Македонија.

Анкетирањето било спроведено телефонски, во периодот од 18 јуни до 23 јуни  на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.