Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Анкета „Еврометар“: Граѓаните веруваат во европската иднина, но со резерва кон процесот

Телевизијата е највлијателниот медиум од кој граѓаните се информираат за политичките процеси во државата, додека довербата во демократијата во земјава е подобрена. Ова го покажуваат резултатите од анкетите „Еврометар“, спроведени во периодот од 2023 до 2026 година, како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“, презентирани од Центарот за европски стратегии „Евротинк“. „Генерално, може да се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телевизијата е највлијателниот медиум од кој граѓаните се информираат за политичките процеси во државата, додека довербата во демократијата во земјава е подобрена. Ова го покажуваат резултатите од анкетите „Еврометар“, спроведени во периодот од 2023 до 2026 година, како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“, презентирани од Центарот за европски стратегии „Евротинк“.

„Генерално, може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и во однос на тоа како се движат работите во државата“, изјави Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“.

„Што се однесува до известувањето за Европската Унија и начинот на кој граѓаните се информираат, резултатите покажуваат дека телевизијата повторно е примарен извор на информации. Многу блиску до неа се и социјалните мрежи, а забележано е и зголемување на следеноста на онлајн порталите на медиумите“, изјави Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“.

Реклама

Истражувањето покажува и зголемен оптимизам кај граѓаните за европската иднина на земјата и членството во Европската Унија, особено кај помладите. Дел од испитаниците сметаат дека напредокот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора отвора простор и Македонија да го забрза патот кон Унијата, додека други остануваат резервирани.

„Кога граѓаните се прашани зошто го поддржуваат членството во ЕУ, како и секоја година, доминира подобриот животен стандард. Рангирањето не се менува низ годините – на второ и трето место најчесто се намалувањето на невработеноста и поголемата сигурност за државата. Меѓутоа, кај оние граѓани кои не го поддржуваат влезот во ЕУ, доминира стравот од губење на националниот идентитет“, изјави Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“.

Анкетите покажуваат дека, поради перцепцијата за нефер однос на Европската Унија кон Македонија, граѓаните сè повеќе се сомневаат во процесот што треба да ја однесе земјата до целта, иако сè уште даваат висока поддршка за членството во ЕУ.

Ана Минин