Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Анѓушев за Алфа: Зошто не ме прашавте колку сум помагал кога бев вицепремиер, туку сега?!

Го одврзаа ли ќесето бизнисмените блиски до власта за справување со кризата…

Сподели:

Го одврзаа ли ќесето бизнисмените блиски до власта за справување со кризата од корона вирусот? Или уште подиректно дали, како и колку пари дадоа на пример фирмите на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев? Дали фирмите на екс премиерот Зоран Заев донираа и колку, купија ли некој респиратор?

Го прашавме директно Кочо Анѓушев телефонски. Изреагира зошто сега сме го прашувале, зошто не сме се интересирале за неговите донации пред да ни се случи корона вирусот. Ама пак дали сега дал пари не одговори.

– Изминативе години многу пати донирав, и ќе продолжам, со цел да се помага на стотици граѓани на кои им е потребно помош. Кога бев вицепремиер донирав и зошто тогаш не прашавте? Секогаш сум подготвен да помогнам каде има потреба. Тој што помага не треба да се фали, рече во телефонски разговор поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Реклама

А колку пари дале фирмите на семејството Заеви од партијата на власт до почетокот на овие вести молк. Кои други бизнисмени донирале? Освен оние што отстапија хотели за државен карантин, оние кои самоиницијативно помагаат со изработка на маски, и помагаат со заштитни материјали и дезинфициенси, за другите не слушнавме.

Зошто сметката на пример за донациите не е транспарентна, за да може јавноста да знае кои компании за чии успеси секојдневно слушаме – ја помогнале државната каса, и зошто другите не?

Во меѓувреме никој од надлежните не објаснува зошто прво не се удри по платите на високите функционери во државните институции, туку веднаш се предложи да се исечат платите на целата администрација до минимални.

Колку за споредба во Албанија платите на сите функционери ќе бидат преполовени. Така соопшти премиерот Еди Рама. Претседателот Илир Мета самоволно се откажа од половина од платата.

За помош на стопанството и српскиот претседател најави сет економски мерки, но во ниту една нема кратење на плати. Бугарскиот премиер Бојко Борисов пак, на средбата со бизнисмените им рече дека кризата може лесно да да ја поминат и да обезбедат пари за работниците, ако ги продадат скапите јахти и автомобили кои ги поседуваат.

Борис Грујоски