Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Економија

Ангеловска предлага картички, нејзината фирма нуди производи – „Купувај домашно„ од фирмата на министерката

Сама предлага картички, сама нуди  производи и услуги кои можат да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сама предлага картички, сама нуди  производи и услуги кои можат да се купат со истите. Расте бројот на продукти кои граѓаните можат да ги купат со платежната картичка од компанијата „Grouper.mk“  каде еден од сопствениците е министерката за финансии Нина Ангеловска. Приватната компанија „Grouper.mk“се приклучи кон владината кампања „Купувам домашно“ за која се одвоија  28 милиони евра. „Grouper.mk“ во моментов нуди 355 продукти кои можат да се купат со платежна картичка, која пак им беше доделена на граѓаните преку владиниот проект чиј иницијатор беше токму Ангеловска.

Инаку дел од добитниците се жалат дека се уште не добиле порака за да си ја подигнат платежната картичката од банка. И покрај тоа, многумина сметаат дека кампањата за домашна платежна картичка треба да продолжи и понатаму.

Министерката објави дека досега се издадени над 100.000  домашни платежни картички во вредност од девет милиони евра.  Притоа додава дека приговорите на граѓаните  се проследени до институциите.

Реклама
  •  „Оние граѓани чии приговори ќе бидат прифатени по извршените проверки, ќе бидат додадени на листата со корисници на кои им следи поддршка и соодветно ќе бидат распределени во банките издавачи“, наведува министерката Ангеловска Нина .

По социјалните мрежи веќе кружат граѓански иницијативи за продолжување на домашната платежна картичка за невработените и истата да важи и по законски утврдениот рок, односно до нивното вработување. Иницијаторите сметаат дека со ова корист ќе имаат невработените, но и државата и компаниите, а ќе се намали и иселувањето на квалификувани и висококвалификувани млади луѓе од земјава.

Викторија Миткова