Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, постои опасност од ширење кон Националниот парк Пелистер, вклучени ер тракторите

Тежок пожар попладнево изби во атарот на село Макази, Општина Ресен, истовремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тежок пожар попладнево изби во атарот на село Макази, Општина Ресен, истовремено на најмалку две локации, а поради опасноста од негово ширење кон Националниот парк „Пелистер“ ангажирани се Ер-трактори и дополнителни тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Ангелов посочи дека пожарот започнал покрај неколку овоштарници со јаболка, а додека пожарникарите се обидувале да го стават под контрола, се појавила подолга огнена линија на друга локација, што, според него, укажува дека пожарот е намерно подметнат.

– Денес попладне изби тежок пожар во атарот на село Макази, Општина Ресен. Пожарот започна покрај неколку овоштарници со јаболка, на најмалку две локации истовремено. Додека пожарникарите се обидувале да го стават под контрола, се појавил оган подалеку од таму, и тоа подолга огнена линија, што укажува на тоа дека овој пожар е намерно подметнат – вели Ангелов.

Реклама

Пожарникарите се обидуваат да спречат огнот да го премине асфалтираниот пат и да ги заштитат околните овоштарници. Поради опасноста пожарот да навлезе во територијата на Националниот парк „Пелистер“, Ангелов вели ангажирани се Ер-тракторите на ДЗС.

– Истовремено, поради тежината на пожарот и можноста истиот да навлезе во територијата на Националниот парк Пелистер, наредив да полетаат Ер Тракторите на Дирекцијата, коишто веќе започнаа со дејство – вели Ангелов.

На терен се и два огнени тима со Пинцгауери на ДЗС, кои им помагаат на пожарникарите од Ресен, додека се бара можност за пресекување на пожарот од горната страна, во насока на Националниот парк.

– Исто така, веднаш наредив да дојдат два огнени тима со Пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување. Истите се овде и им помагаат на пожарникарите од Ресен огнот да не се движи преку асфалтираниот пат. Истовремено бараме пат каде што ќе го пресечеме од горната страна, во насока на Националниот парк Пелисте – додава Ангелов.

На местото е и директорот на Националниот парк „Пелистер“, кој ангажирал механизација за изработка на противпожарни пресеки меѓу огнената линија и паркот.

– На лице место е и директорот на Националниот парк Пелистер, којшто веќе ангажираше механизација, со којашто ќе се обидеме да направиме противпожарни пресеки помеѓу линијата на огнот и Националниот парк Пелистер, бидејќи доколку овој пожар продолжи да се шири низ шумата, има опасност да ги зафати боровите насади, а потоа ќе имаме тежок проблем со неговото гаснење – рече Ангелов.

Информираше и дека во текот на денот се регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, при што дождот што паднал на некои места не придонел значително за намалување на опасноста.

-Денес во текот на денот имаме повеќе од 30 пожари на отворен простор. Тоа што на некои места падна дожд воопшто не ја олесни нашата работа. Затоа апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи работиме пожртвувано, даваме сѐ од себе, но нашите сили се исцрпени. Секојдневното гаснење на десетици пожари во секоја општина ги исцрпува локалните пожарникари, но ги исцрпува и државните ресурси – рече Ангелов.

Претходно, ЦУК соопшти дека денеска до 18 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати.

Активни пожари има: во Општина Ресен – с. Бела Црква – с. Подмочани, борова шума и ниска вегетација; Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума; Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација; Општина Петровец – с. Горно Коњари – с. Дивљан, мешана шума и ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва; Општина Прилеп – с. Алинци, депонија и во Општина Прилеп – кај Касарната во Прилеп, ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.