Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Ангелов: Камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и ќе излезат на терен кога ќе има потреба

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој беа разгледани институционалните капацитети за чистење на снегот на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани околку за тоа се јави потреба.

-Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата, истакна Ангелов.

Додаде дека во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

Реклама

-Апелирам граѓаните во претстојниот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и да имаат ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, да не излегуваат непотребно на патишта каде има превои односно места каде патиштата минуваат на околу 1000 метри надморска височина. Безбедноста да биде на прво место, потенцира директорот на ЦУК.

Ангелов нагласи дека камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и веднаш ќе излезат на терен кога за тоа ќе има потреба.