Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори.

– Се чувствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотична состојба, рече Ангелов.

Ангелов рече дека се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.

Реклама

За состојбите во ДЗС рече дека е во исклучително тешка состојба, а меѓудругото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што придонело и онака лошата состојба да стане уште полоша.

-Во овој момент состојбата со Ер тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис, но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет. но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато, рече Ангелов.

Кажа дека во тек се разговори со потенцијални пилоти бидејќи недостасуваат двајца пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето. Гледаме, рече Ангелов, и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти.