Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Андоновски: Владата е стабилна, постои можност за промени, но во моментот нема таква најава

Владата е стабилна. Постои можност за промени, но во моментот нема таква…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е стабилна. Постои можност за промени, но во моментот нема таква најава – рече вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Андоновски истакна дека меѓусебната комуникација на владините ресори е одлична. 

Прашан за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и дали е веќе почната внатрепартиската битка за иден лидер со оглед дека во 2029 треба да се избира нов претседател, министерот одговори дека „ВМРО-ДПМНЕ влегува во период на резултати, не на кадровски битки“. Наредните години, дополни, ќе бидат многу продуктивни бидејќи нема да има притисоци за функции и позиции.

– Не би рекол дека има некаква битка, амбициите се природна работа на сите што се занимаваат со политика. Очекувам зголемена динамика на работата и на Владата и на партијата затоа што е време на покажување резултати – истакна Андоновски додавајќи дека неговите главни цели се поврзани со резултати, а не со функции.

Реклама

Тој е дециден дека нема заднински договори во јавната набавка вредна 1,1 милион евра за одржување на системот за управување со документи во Министерството за дигитална трансформација. Истакна дека тендерот е спроведен законски, а Министерството нема надлежност да истражува во чија сопственост се фирмите што ги добиваат тендерите.