Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Андоновски: со бесплатните wi-fi зони и електронските уреди го надминуваме дигиталниот јаз помеѓу студентите

По студентските ваучери и бесплатен интернет. Студентите ќе имаат пристап до бесплатно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По студентските ваучери и бесплатен интернет. Студентите ќе имаат пристап до бесплатно ви-фи низ факултетите и студентските домови. Министерството за дигитална трансформација најави проект со кој ќе се подобри студентскиот живот и ќе помогне во учењето и пристапноста до информаците потребни за време на студиите.

„Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови кои што имаат потреба за тоа и во останатите универзитети и факултети. Најмногу се фокусираме на зоните каде што има најголем број на студенти и најголема фрекфенција на наставници и студенти кои се присутни. Се надевам дека на овој начин заедно со проектот кој што го имаме за ваучерите за студенти ќе го надминеме дигиталниот јаз што постои помеѓу студентите, оние кои што имаат можност да си обезбедат за себе интернет и дигитални уреди и оние кои што ја немаат таа можност. “- изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Како што најави министерот, за овој проект кој засега чини околу 10 милиони денари, направена е анализа и фокусот ќе биде ставен на оние локации имаат најмногу потреба од оваа мерка. Деканот на Филозофскиот факултет во Скопје ја изрази својата благодарност за поддршката од министерството. Тука е првата бесплатна интернет зона, финансирана од буџетот на министерството.

Реклама

„Навистина овој сензибилитет и визија на министерот значи еден дополнителен поттик не само за наставниците и особено важното прашање кој се однесува за студентите. Ова само по себе потврдува дека нашите институции го имаат потребниот сензибилитет и тие имаат еден јасен доминантен став дека за сите прашања кои се од заеднички интерес и кои се поврзани со академската заедница мора да се излезе во пресрет бидејќи тие на некаков начин ги детерминираат вкупните состојби на развојот и е своевиден патоказ дека ваква општествена трансформација да се акомулира тој научен капитал.“- изјави деканот на Филозофскиот факултет во Скопје Оливер Бакрески.

Во изминатиов период беа реализирани голем број на проекти за младите: бесплатни ваучери за електронски уреди, бесплатен пристап до базата „Web of Science“, попуст на училишен прибор како и нови учебници по сите предмети за секој ученик .