Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Андоновски: Секој почеток е тежок – Наследивме тешка состојба

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по повод една година од новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по повод една година од новата Влада, говореше за почетоците и предизвиците со кои како Влада се соочиле во првата година од мандатот.

– Наследивме една тешка ситуација. Многу потешка од тоа што навидум вака изгледаше. Еден разрушен систем во кој никој немаше никаква доверба, систем кој беше разјаден од внатре и каде и да отворите, која страна да ја отворите од тој систем, покажуваше системски недостатоци кои долго време биле ставани на страна, истакна Андоновски.

Според Андоновски, во секоја пора на општеството, односно институциите и министерствата, кога мислите дека сте почнале веќе да ја опоравувате ситуацијата, се отворало нов проблем кој бил запоставуван од минатата власт. Потенцираше дека Владата не почнала од нула, туку од минус.

Реклама

Во однос на стратешките договори, Андоновски појасни дека договорот со Обединетото Кралство, не е договор во којшто како порано се плаќаат 300-400 милиони евра авансно, а на дело да нема реализација. Овој договор пред се е стратешки, а после тоа и економски.

– Практично тој е договор за стратешка соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, којшто значи проектни инвестиции во државата и се наброени петте области во којшто ќе има инвестиции. Дел од тие инвестиции се и сајбер безбедноста, појасни Андоновски и додаде. – Во договорот се вели дека Обединетото Кралство како наш партнер, ни ги отвораат вратите за овие пет области. И во тие пет области заедно можеме преку технички дијалог да изградиме што е потребно за државата, дециден е Андоновски.

Министерот во своето гостување, се осврна и на својот домен во делот на дигитализација, каде што истакна дека се преземени сериозни чекори во оваа една година – Мислам дека доживуваме сериозни промени во поглед на дигитализацијата, 120 нови дигитални услуги и сите услуги од типот на потврда за неосудуваност, казнена, кривична и прекршочна евиденција се достапни на националниот портал, изводот од матична книга на родени исто така го имате електронски, уверението за државјанство е достапно електронски. Со промени на законодавството тие документи ако ги извадите дома и ги испечатите може да ги користите во правниот промет, соопшти Андоновски.

Тој рече дека е свесен за граѓаните дека сакаат се да се случи брзо и веднаш, но дека овие чекори кои можеби се мали, сепак се големи за развивање во делот на дигиталната трансформација, и истите значат помалку чекање во редови, помалку врски и барање мито.