Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација, како што рекол Андоновски,  се по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација, како што рекол Андоновски,  се по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка посветеност. 

На состанокот, кој се одржал преку видеоконференциска врска, се разговарало за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан за пристапување кон режимот што треба да овозможи користење мобилни услуги во Европската Унија под услови како дома, инфорира прес-службата на Министерството за дигитална трансформација.

Министерот Андоновски истакнал дека за Владата на Република Македонија и  Министерството за дигитална трансформација овој процес е од највисок приоритет.

Реклама

– Роаминг како дома не го гледаме само како процес на усогласување на регулативата, туку како конкретна и многу видлива придобивка за нашите граѓани, бизниси, студенти, туристи и за пошироката економија. Нашата цел е јасна: да ја доближиме Македонија до дигиталниот единствен пазар на Европската Унија, да ги намалиме бариерите за нашите граѓани и компании и да обезбедиме придобивките од европската интеграција да се чувствуваат на практичен и директен начин –  порачал министерот Андоновски.

Тој нагласил дека „Роаминг како дома“ има и практично и стратешко значење за државата. Практично, оваа иницијатива ќе значи пониски трошоци за граѓаните и компаниите, подобра поврзаност, полесна комуникација, патување и економска размена. Стратешки, таа претставува уште еден чекор кон интеграција во дигиталниот единствен пазар на Европската Унија и кон остварување опипливи придобивки од процесот на европска интеграција.

Андоновски информирал дека Министерството за дигитална трансформација уште во август 2025 година подготви сеопфатен Акциски план, со кој беа дефинирани потребните чекори, институционалните одговорности и временската рамка за усогласување на националната рамка со релевантното acquis на Европската Унија во областа на роамингот и електронските комуникации.

Врз основа на извршените детални анализи, работната група подготви сеопфатен пакет, кој се состои од нацрт-закон за изменување на Законот за електронски комуникации, како и пет подзаконски акти од кои два правилници и три одлуки.

– Успешната имплементација на режимот ‘Roam Like at Home’  не бара само правно усогласување, туку и практична подготвеност и конструктивна соработка со телекомуникацискиот сектор. Затоа сите коментари беа внимателно разгледани како дел од подготовката на конечниот текст – посочил Андоновски.

По јавната консултација, Владата го утврди текстот на предложениот пакет, и на крајот на февруари го достави на мислење до службите на Европската комисија. Министерството очекува потврда за нивото на усогласеност на предложеното законодавство, што ќе овозможи процесот да продолжи во следната фаза и да се интензивираат преговорите. Министерството формираше и посебна работна група за преговорите, со цел да се обезбеди институционален континуитет, координација и подготвеност за следните чекори.

– Македонија постигна значителен напредок за релативно краток временски период. Подготвивме Акционен план, ги формиравме потребните работни групи, завршивме четири детални анализи, подготвивме законодавен и регулаторен пакет, спроведовме јавни консултации, целосно ги вклучивме операторите, ги разгледавме добиените коментари и го доставивме пакетот за мислење. Ова ја покажува нашата силна политичка волја, институционална посветеност и техничка подготвеност да го движиме процесот напред – нагласи министерот Андоновски. 

Од Министерството за дигитална трансформација потенцираат дека остануваат целосно посветено на следните чекори и на продолжување на тесната соработка со Европската комисија и со сите релевантни партнери.  – Очекувањето е, по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка посветеност. „Роаминг како дома“ е конкретна европска придобивка што граѓаните ќе ја почувствуваат директно преку помали трошоци, полесна комуникација, подобра поврзаност и повеќе можности за граѓаните и бизнисите – велат од МДТ.