Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Економија

Андоновски: Наскоро ќе биде распишан јавен повик до помалите општини за темплејти за веб страниците на општините

Министерството за дигитална трансформација наскоро ќе распише јавен повик до помалите општини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација наскоро ќе распише јавен повик до помалите општини за темплејти за веб страници на општините, истакна денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на панел-дискусијата „Меѓународна соработка за развиени општини“, која се одржа во рамки на Саем-Отчет, организиран од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски посочи дека Министерството за дигитална трансформација бесплатно ги развива темплејтите за веб страниците на општините, ќе ги полни и мигрира податоците, по што една година ќе ги одржува и ќе им бидат ставени на располагање, а потоа, како што рече, за многу малку средства секоја општина ќе може да ги одржува на долг рок.

– Уште еден проект кој го реализираме како Министерство, јавниот повик ќе биде распишан многу скоро, особено за помалите општини е важен, тоа се темплејти за веб страници на општините, коишто ние бесплатно ги развиваме за нив, ги полниме, ги мигрираме податоците, им ги ставаме на располагање и една година ги одржуваме, а потоа за многу малку средства секоја од нив може да ги одржува на долг рок, изјави Андоновски.

Реклама

До 2028 година, тој посочи дека се планира да има унифициран Национален документ менаџмент систем кој ќе овозможи целосна дигитализација на внатрешното работење на општините и полесно вмрежување меѓу општините и институциите.

– Проект којшто е многу значаен и конечно добива свое отелотворување, познато е дека Министерството за дигитална трансформација има свој „Документ менаџмент систем“ за жал изминативе шест година приклучена била само една општина, тоа е Куманово, планираме да се фокусираме со Документ менаџмент системот и на општините, но и на голем број на институции, наша обврска од реформската агенда до 2028 е да имаме еден унифициран Национален документ менаџмент систем и планот ни е на сите да им го понудиме, тоа ќе значи целосна дигитализација на внатрешното работење на општините, да го сфатиме како еден дигитален „водовод“ на општината, рече Андоновски.