Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Андоновски на Mинистерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска и утре учествува на Mинистерскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска и утре учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации што се одржуваво Подгорица, Црна Гора. 

Целта на самитот, кој ќе биде предводен од еврокомесарката Екатерина Захариева, Комесар за стартапи, истражување и иновации при Европската комисија, е зајакнување на стартап-екосистемот на Западен Балкан, продлабочување на политиките за „паметна специјализација“, како и унапредување на истражувачките инфраструктури и примената на вештачката интелигенција во науката.

Во програмата учествуваат: Сигне Ратсо, заменик-генерален директор на Директоратот за истражување и иновации при Европската комисија; Маида Горчевиќ, министер за европски прашања на Црна Гора; Анѓела Јакшиќ Стојановиќ, министер за образование, наука и иновации на Црна Гора; Бартож Марцинковски, претставник на полското претседавање со Советот на Европската комисија; Мартин Керн, директор на Европскиот институт за иновации и технологии; и Амер Капетановиќ, генерален секретар на Регионалниот совет за соработка.

Реклама

-Министерот Андоновски ќе се обрати на министерската тркалезна маса на тема „Истражувачки инфраструктури и вештачка интелигенција во науката“. Во своето излагање ќе ги претстави приоритетите на Македонија во дигиталната трансформација: модернизација на јавните електронски услуги, интероперабилност на системите, отворени податоци и поддршка на иновации и стартапи, како и безбедна и етичка примена на вештачката интелигенција во науката и јавната администрација, информираат од неговиот кабинет.

На маргините од самитот министерот Андоновски, заедно со останатиот дел од македонската делегација ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои и со еврокомесарката Захариева.