Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во програмата на Македонско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, каде говореше за новата Национална ИКТ стратегија СМАРТ/МК 2030, која е дел од владината програма, и ја најави конференцијата што ќе се одржи во петок, 19.12.2025 година.

Во гостувањето, министерот истакна дека настанот се организира врз основа на одлуката на Владата од 14 октомври, со која беше усвоена Националната стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030, и најави голем промотивен настан под наслов: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“.

„Врз основа на одлуката на Владата од 14-ти октомври, каде што се усвои националната стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030, организираме еден голем промотивен настан – Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“, рече Андоновски.

Реклама

Тој информираше дека на конференцијата, на почетокот, ќе се обрати и претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, како и партнерот ReSPA – Регионалната школа за јавна администрација.

Министерот појасни дека стратегијата се базира на четири столба, а целта на конференцијата е да се разјаснат приоритетите, институционалните обврски и очекувањата до 2030 година:

Обезбедување современа, брза и достапна ИКТ инфраструктура
Јакнење на дигитални вештини кај граѓаните за полесно користење дигитални услуги
Модернизација и дигитализација на јавните услуги, процес кој веќе активно се спроведува
Поттикнување иновации и развој на вештачка интелигенција (ВИ)

На крајот од гостувањето, Андоновски упати отворена покана до сите заинтересирани граѓани, институции, експерти и чинители да присуствуваат на конференцијата и да се запознаат со акцискиот план на стратегијата за дигиталната трансформација до 2030 година.