Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што.  

N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер безбедност и практична примена на иновациите. Паркот треба да претставува место каде што студентите, истражувачите, претприемачите, компаниите и институциите ќе можат да соработуваат, да развиваат решенија и да создаваат технологии со домашна вредност и глобален потенцијал.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отворањето на ваков простор е значаен чекор за развојот на македонскиот технолошки и иновациски екосистем.

Реклама

„Во време кога државите се натпреваруваат преку знаење, иновации и технолошки капацитет, создавањето на ваквите простори е многу повеќе од инвестиција во инфраструктура. Тоа е инвестиција во идеи, талент и иднина. Она што особено ме охрабрува е што оваа иницијатива е водена од домашна визија и претприемништво“, порача министерот Андоновски.

Тој нагласи дека ваквите иницијативи се важни за создавање средина во која технолошките компании ќе можат да растат, стартапите ќе можат да се развиваат, а младите и талентирани луѓе ќе добијат можност своите идеи да ги реализираат дома.

Отворањето на N99 Deep Tech Park е дел од пошироката стратешка рамка на Министерството за дигитална трансформација за градење модерна, иновативна и безбедна дигитална држава. Ваквите проекти се во линија со приоритетите на Националната ИКТ стратегија на Министерството за дигитална трансформација — СМАРТ/МК, како и со Стратегијата за сајбер безбедност 2025–2028, преку кои се поставуваат насоките за развој на дигиталната економија, јакнење на технолошките капацитети, поддршка на иновациите и создавање безбедна дигитална средина.