Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

Дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во сите сектори, особено во енергетиката, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје.

Андоновски, како што информира неговиот Кабинет, ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација.

– Сите ние постигнуваме повеќе кога работиме заедно. Нашите разлики се важни, но нашата заедничка човечност е уште поважна, рече министерот Андоновски, нагласувајќи дека дигитализацијата може да ја забрза заедничката мисија за одржлива енергетска иднина.

Реклама

Според него, дигитализацијата е мостот што ги поврзува растечката енергетска побарувачка и потребата од декарбонизација. Таа овозможува секој ват, секој киловат-час и секоја политичка одлука, како што се наведува, да бидат попаметни, почисти и поинклузивни.

Андоновски потенцираше дека дигитализацијата не е само технички процес, туку нов начин на размислување и управување – поврзување на податоците, институциите и граѓаните во корист на одржливи политики и зелена енергија.

Министерот Андоновски го презентираше напредокот што Македонија го постигна во дигиталната трансформација преку три клучни системи: Националната платформа за интероперабилност, што поврзува 74 институции и овозможува над 2 милиони безбедни трансакции месечно – зголемување од 160 отсто во однос на минатата година; Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, преку кој граѓаните добиваат јавни услуги онлајн и Електронскиот систем за управување со документи (eDMS), кој го замени хартиеното работење во над 80 институции. Според него, овие системи не се само административни алатки, тие се темелот на ефикасното управување, интегритетот на податоците и транспарентноста.

Андоновски информираше дека Министерството за дигитална трансформација во соработка со Министерството за енергетка, рударство и минерални суровини веќе имаат дигитализирано повеќе од 20 јавни услуги за граѓаните и бизнисите, како и воведување на интегрирани системи за документи и финансиско планирање.

Министерот ја претстави и новата генерација дигитални иницијативи во енергетиката: Националниот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој развива АИ модели за предиктивно одржување на енергетската инфраструктура и предвидување на побарувачката; Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT, кој ги поврзува академијата и приватниот сектор и обезбедува пристап до лаборатории и обуки за вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и автоматизација. Овие иницијативи се дел од стратегијата SMART/MK 2030, визија за дигитална, зелена и човеково-центрирана трансформација, целосно усогласена со европската Дигитална декада.

Според Андоновски, дигиталната трансформација на енергетските системи бара регионална координација и заеднички пристап.

Предизвиците се премногу комплексни за која било држава да ги решава сама. Затоа регионалната соработка е нашиот множител на успех, изјави Андоновски, кој повика на премин „од цели кон акција“ и изградба на одржливи дигитални екосистеми.