Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Андоновски: Целосно ќе бидат дигитализирани десетте најкористени услуги во Општина Кочани

Министерството за дигитална трансформација целосно стои зад Општината и ќе и помогне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација целосно стои зад Општината и ќе и помогне во процесот на нејзината дигитализација, изјави денеска во Кочани министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Ова за граѓаните е значајно затоа што  ќе им овозможи користење на повеќе услуги што  лесно и на едноставен начин ќе им станат достапни. Важно е и тоа што со дигитализацијата на Општината се намалува и корупцијата, нагласи тој. 

-Покрај останатото, фокусот на Владата и во сегментот „дигитализација“ ќе биде посветен на Кочани и тоа на следниот начин: предвидуваме целосна дигитализација на десетте најкористени услуги што ги нуди општината, целосно завршување на процесот на документ менаџмент и процес менаџмент, што значи дека граѓаните целосно ќе можат да го следат предметот што го имаат со општината. Граѓаните ќе имаат Центар за услуги, тука во Кочани, кој што е на Министерството за дигитална трансфомација, но кој што ќе ги нуди сите услуги кои во моментот се достапни на електронскиот портал за национални електронски услуги, најави министерот Андоновски.

Овие центри за услуги постојат да им овозможат помош на граѓаните во градење на вештини, помош за подобро користење на алатките кои што им стојат на располагање на граѓаните, додаде тој. 

Реклама

Според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, финален и можеби најзначаен проект од сегментот дигитализација на Кочани, посебно важен за најмладите, е создавање бесплатни  WI -FI зони.

– Ова е еден голем европски проект кој што го реализираме во целата држава. Секако, фокусот го ставаме на овој регион, а Кочани ќе добие една до две точки што се најпосетувани со бесплатни WI -FI зони, порача Андоновски.

Тој, престојот во Кочани денеска го искористи да му даде силна подршка на Влатко Грозданов во трката за градоначалничката функција в недела и на советничката листа ВМРО – ДПМНЕ, чиј носител е Александар Андов.