Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот

– Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот бидејќи минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е и последен, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Таа посочи дека во текот на четвртата недела од оваа сезона продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип. Според податоците, во моментот во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот. 

– Во текот на четвртата недела од годината, во периодот од 19 јануари до 25 јануари, во Македонија се пријавени 1.708 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2 проценти помалку во споредба со претходната недела кога бројот беше 2.062. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со четвртата недела од минатата сезона е намален за 9,1 проценти, а во споредба со истата недела за 15-те поминати сезони е намален за 33,4 проценти – истакна д-р Андоновска.

Реклама

Во однос на возрасната дистрибуција, појасни, 1.029 лица се на возраст од 15 до 64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од пет до 14 години, 183 деца се на возраст до четири години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

– Во однос на градовите, во Дебар и во Кратово се бележи многу висока активност на грипот. Во Охрид, Кавадарци и во Струмица има висока активност, во девет града има средна активност, во 12 се бележи сезонска активност, а во два се бележи многу ниска активност – рече д-р Андоновска. 

Таа потенцира дека и натаму продолжуваат да важат препораките на ИЈЗ за лицата да се заштитат, а тоа е да се избегнуваат собирања во простории во кои има повеќе лица или доколку е потребно да бидат во такви простории, да носат маска.

– Особено да водат сметка и да внимаваат на здравјето ранливите категории – повозрасните лица над 65 години, хронично болните, децата, трудниците. Доколку имаат сомнеж дека некое лице е заболено или покажува симптоми, треба да се избегнуваат контакти со него. Оние што се веќе дијагностицирани или имаат грип, треба да останат дома. Децата да не се носат на училиште ако имаат симптоми со цел побргу да закрепнат и да нема трансмисија на вирусот, да не го пренесуваат. Нашите препораки се исти како и претходно – да се остане дома, да се одмора и да се следат советите од матичниот лекар – додаде д-р Андоновска.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: