Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Аналитичари: Уставните измени не се крај, нови бугарски барања ќе го следат патот кон ЕУ

Протоколарна средба без поместување на позициите на двете страни. Вака дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протоколарна средба без поместување на позициите на двете страни. Вака дел од аналитичарите го оценија вчерашниот прв состанок меѓу шефовите на дипломатиите, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова. Тие не очекуваат некакви промени во водењето на надворешната политика ниту на Македонија, ниту на Бугарија. Приближувањето на ставовите во овој момент, според нив, се чини невозможно.

„Реално добро е што се среќаваат министрите на Бугарија и Македонија и што има некакви разговори. Подобро да има некакви разговори отколку да нема никакви разговори. Не очекувам некакви спектакуларни поместувања, но во секој случај, потребно е прво ЕУ да се реформира и подоцна да се изнајдат решенија за вакви ситуации, како ова што и се случува на Македонија. Можеби ќе има подобрување на односите во билатералниот дел, но во делот на придвижување на Македонија кон ЕУ, не верувам“ – вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Муцунски на средбата ги повторил ставовите дека нема да се преговара за македонскиот јазик, идентитет и култура. Тој зборувал за заштита на македонското малцинство во Бугарија. Бугарската министерка Петрова Чамова пак ги повторила цврстите позиции дека Македонија треба целосно да ги спроведе обврските преземени кон ЕУ, како единствен начин за напредок кон Унијата. Пекевски вели дека ЕУ треба активно да покаже дека го штити македонското малцинство во Бугарија. Од друга страна, смета дека бугарските амбиции нема да престанат со Уставните измени, туку дека тие ќе го оптоварат евроинтегративниот пат на земјава со нови барања.

Реклама

„Тоа веќе на сите им е јасно. Тоа ќе биде почеток, внесувањето на Бугарите во Уставот. Ќе се бара промовирање на тие права, државна помош или поддршка, сопствена програма, поддршка на НВО. Апсолутно го користи ова што е членка на Европска Унија. Ние не сме во поцизија. Тоа на сите им е јасно“ – вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Опструкцијата на Бугарија кон Македонија ја критикуваше и поранешниот министер на Германија, Михаел Рот. Тој порача дека ваквата пракса е неодговорна и треба да престане, бидејќи ја ослабува Унијата, односно ја прави ранлива на надворешни влијанија од Кина и Русија.

Од друга страна, двете земји треба активно да работат на заедничките економски проекти како изградба на железницата на Коридор 8. Македонија и Бугарија се согласија заеднички да го изградат со европски пари железничкиот тунел на самата граница. Ова треба значително да ја зајакне трговската соработка меѓу двете држави.