Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Аналитичари: Иако никој не ги спомна, СДСМ сами се препознаа во „талогот“, а не во повикот за единство од Мицкоски

Наместо обединување околу државните интереси и прифаќање на повикот за национално единство што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо обединување околу државните интереси и прифаќање на повикот за национално единство што беше предложено на Илинден, Социјалдемократскиот сојуз и Андреј Жерновски, се „залепија“ за „талогот“ што го спомена премиерот Христијан Мицкоски. Таквиот пристап, според дел од аналитичарите, остава впечаток дека се препознале во терминот, па со тоа решиле да собираат ситни политички поени. Универзитетскиот професор Јован Кекеновски оценува дека ваквите реакции се непродуктивни, а конструктивната опозиција е таа што ќе придонесе за дефинирање на заедничките црвени линии во односите со Бугарија.

  • „..Не само од претседателот Мицкоски, туку и од останатите говорници коишто беа и воопшто сите беа насочени кон желбата за национално помирување .. Нема потреба од ваква реакција. Наместо ваква реакција би било добро да се смират страстите и да размислуваат во насока како тоа да обезбедиме подобра позиција во идниот преговарачки процес и како да ги обезбедиме, односно консензуално да ги имаме црвените граници од коишто не смееме да отстапиме, бидејќи гледаме притисокот станува сè поголем, сè по-нерационален, токму благодарение на ваквиот однос на, на опозицијата“ рече Јован Кекеновски – универзитетски професор.

Во услови на засилени надворешни притисоци, приоритет треба да биде националниот консензус, а не политичкото надмудрување, оценува професорот.

  • Сигурно една конструктивна опозиција треба да размислува во насока на надминување на ваквите секојдневни, би рекол, би рекол, епитети коишто си ги упатуваат од една или од друга страна, и затоа сметам дека што побрзо ги надмине е подобро, бидејќи приоритет треба да биде Македонија, а не треба да биде приоритет токму занимавањата и целокупното внимание насочено кон, против ВМРО ДПМНЕ, притоа да се обидат на ваков начин да собираат ситни политички поени коишто сигурно дека нема да го подобрат нивниот рејтинг на, ако продолжат и понатаму на ваков начин“ вели професорот Јован Кекеновски.

Премиерот Мицкоски на 2-ри август повика на обединување околу државните интереси и единство во македонските евроинтеграции.  Од опозицијата пак решија да обвинуваат дека биле правени поделби.

https://youtu.be/TKD3R3Jqsvk