Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Ана Камчева сведочеше за случајот „Рекет“

Ана Камчева сопругата на бизнисменот Орце Камчев, 350 000 евра спакувани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ана Камчева сопругата на бизнисменот Орце Камчев, 350 000 евра спакувани во несесер, му дала на Боки 13 во неговиот стан во Орман, говореше Камчева денеска како сведок на обвинителството за милионскиот рекет. Сопругата на бизнисменот која тврдеше дека исплатила дел од првата транша од 1,5 милион тврдеше дека на друга средба во Орман кај Боки 13 на гости била и специјалната обвинителка Катица Јанева. таму според Камчева, Јанева и кажала да ја повлече гаранцијата од над 14 милиони евра за маж и да излезе од притвор, а дека Јанева ќе предложи куќен, притвор за Камчев кој во тоа време беше во Шутка како осомничен за случајот Империја.

„Ми рече ако излезе нешто од муабетов, ќе знае дека е од мене, бидејќи имала доверба Бојан и во Зоран Милески. Ми кажа дека може да отвори и други предмети за мојот сопруг и ми се  фалеше со нејзината моќ“, рече Камчева во судницата.

Дека и бараат пари, сопругата на Камчев се сретнала и му кажала се на директорот на тогашната УБК, Горан Николовски. Во судница Ана Камчева рече дека средбите со Николовски биле надвор од УБК, бидејќи се плашела.

Реклама

„Имавме две средби. На мое барање, тие не беа во УБК, бидејќи таму работи сопругот на Фросина Ременски, Јовче со кој контактирате секојдневно. Од страв да го соопштам сето тоа таму, барав средбите да не бидат во УБК”, сведочеше Камчева.

Таа пред судот истакна дека пари лично на Катица Јанева не и дала, се одело преку Боки 13, а сведочеше дека откако Орце излегол од притвор му се јавувала Јанева на телефон порачувајќи му дека „ се ќе биде Ок“. Ана Камчева пред судот кажа дека е убедена оти Катица Јанева знаела за рекетот, а сведочеше и за многу контакти и информации кои ги имал Боки 13. Според Ана Камчева тој се слушал телефонски со многу судии, обвинители, политичари од власта, меѓу нив и министерот за внатрешни работи. Боки 13 имал информации, кои случаи се водат, против кого, кој кога ќе влезе во притвор. Боки 13 кажал дека следен за притвор е Сашо Мијалков, а тој после 2 дена завршил во Шутка, реле сведокот.

Во „Рекет“, Бојан Јовановски е обвинет за кривичните дела Перење пари и за Примање награда за противзаконито влијание, а второобвинетата Катица Јанева за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувањата. Зоран Милески-Кичеец, исто така, беше обвинет за Примање награда за противзаконито влијание, но тој го призна делото и беше осуден на три години затвор во издвоена постапка.

Катерина Гетева