Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Амбасадорот Сулстром идната недела низ Македонија, билатералната соработка и партнерството во фокусот

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, следната недела, од 4-ти до 9 мај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, следната недела, од 4-ти до 9 мај, ќе патува низ целата територија на Македонија, посетувајќи ги сите поголеми градови, со цел да ги истакне и одбележи бројните силни, како долгогодишни така и нови врски и партнерства помеѓу двете земји. Посебен фокус, како што информираат од Амбасадата, ќе биде ставен на придонесот на шведските компании, резултатите од шведската реформска соработка, како и на долгогодишните културни врски.

Посетата е дел од иницијативата „Амбасада на турнеја“ и започнува во понеделник наутро во Скопје, а ќе опфати посети во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Струмица и Куманово, по што ќе заврши во Скопје на Денот на Европа, во сабота, 9 мај. Во текот на оваа недела, амбасадорот и неговиот тим ќе ги истражуваат локалните знаменитости и вкусови за подобро да ја запознае земјата, а воедно ќе остваруваат средби со локалните власти и партнери, шведски компании, граѓански организации и организации на локалните заедници, дијаспората и претприемачите.

Турнејата почнува во Скопје, каде амбасадорот ќе ја посети улицата „Стокхолмска“, именувана во знак на благодарност за поддршката на Шведска по земјотресот во 1963 година, како и Домот за стари лица „Мајка Тереза“, изграден со шведска помош. Програмата вклучува и средби со големи и мали шведски компании кои работат во Северна Македонија, Бизнис форум во Битола коорганизиран со Шведско-македонската стопанска комора, Шведската алумни мрежа и регионалните Ротари клубови, како и посети на проекти финансирани од Шведска во рамките на реформската соработка, со фокус на заштита на животната средина, економско јакнење, управување со отпад и социјална инклузија.

Реклама

Културните и локалните активности вклучуваат велосипедска тура по рутата Транс Динарика во близина на Охридското Езеро, настан со средношколци посветен на заштита на езерото, креативноста и одржливоста во Струга, како и дегустација на регионални специјалитети како што се тавче-гравче, баклава и пастрмајлија, меѓу другите.

Иницијативата #EmbassyOnTheRoad претставува уште еден иновативен напор на Шведската амбасада за одбележување и промоција на бројните силни врски меѓу Шведска и Македонија – како и на поединците и организациите кои ја движат оваа соработка – и за зајакнување на билатералните односи, промоција на трговијата и инвестициите и потврдување на континуираната, цврста посветеност на Шведска да ја поддржува Македонија во нејзиниот развој и на нејзиниот пат кон Европската Унија.