Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Амбасадорката на САД Никол Варнс ја посети Општина Виница

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, придружуван од Сара Даневска Ивановски, директорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, придружуван од Сара Даневска Ивановски, директорка на Музејот „Теракота“, и претседателот на Советот на Општина Виница, Гоце Василев, денес оствари работна средба со вршител на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

На средбата Костадиновски ја претстави Виница како општина со значаен потенцијал за развој, во која преку координирана соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и партнерите може да се создадат нови можности за активно вклучување на младите во локалните политики, нивно учество во процесите на одлучување и реализација на иницијативи што одговараат на нивните потреби.

На средбата, посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во рамки на потенцијални инвестициски програми и иницијативи насочени кон младите, но и на развојот и промоцијата на локалниот туризам.

Реклама

-Во тој контекст, го презентиравме богатото културно-историско наследство на Виница, со посебен осврт на Виничкото Кале и уникатните теракотни икони, како значаен дел од нашето културно наследство што заслужува поголема афирмација и меѓународна промоција, посочува градоначалникот Костадиновски.

Нашата цел е, додава тој,  да ги поврземе потенцијалите што ги поседуваме со нови можности за соработка, кои ќе придонесат за развој на Виница, поголема вклученост на младите во животот на заедницата и зачувување и промовирање на културното богатство што го наследивме.

Општина Виница упатува благодарност до амбасадорката Никол Варнс и претставниците на Амбасадата на САД за отворениот разговор и разгледувањето на можностите за идна соработка.