Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе

Во посета на Општина Свети Николе денеска беше амбасадорката на Народна Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во посета на Општина Свети Николе денеска беше амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев информираше дека со амбасадорката Сјаојан имале официјална средба во неговиот кабинет, на која биле разгледани повеќе теми од заемен интерес и можности за понатамошна соработка.

-По средбата, делегацијата го посети ЈКП „Комуналец“ – Свети Николе, каде што беше претставена тековната работа и идните планови на претпријатието. Од наша страна беше изразена искрена благодарност за вредната донација ,машината Метларка што ни беше доделена, како и за досегашната поддршка, вели Владев.

Тој истакна дека Општина Свети Николе останува посветена на унапредување на партнерствата, кои придонесуваат за развој и подобрување на локалната заедница.