Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Алкалоид на хуманитарен пикниг собра околу два милиони денари за „СОС детско село“

Околу два милиони денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу два милиони денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка.  Средствата ќе бидат донирани за „СОС Детско дело“.

Ова денеска го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов на 10-тиот по ред хуманитарен пикник, што го организира оваа фармацевтска компанија.

Тој рече дека денеска заокружиле значаен, 10-ти јубилеј на колективна солидарност на собирот кој прерасна во празник на хуманоста за сите алкалоидовци.

Реклама

-Околу три илјади наши колеги и пријатели донираа средства преку Фондацијата „Трајче Мукаетов’, кои ќе бидат наменети за „СОС Детско село“. Со оваа организација отпочнавме стратешка соработка во 2022 година со цел да ги олесниме тековните трошоци за децата под нивна закрила, едукативната поддршка, пристапот до професионално советување, бидејќи секое дете заслужува посреќно и побезгрижно детство, посочи Мукаетов.

Директорката за обезбедување фондови и комуникации на „СОС Детско село“, Силвија Брајовиќ истакна дека со „Алкалоид“ веќе три години ги поврзува едно прекрасно партнерство, кое ја покажува нивната посветеност како компанија и искрената грижа за најранливите во нашата заедница – децата без родителска грижа.

Таа рече дека донацијата претставува продолжување на трета година кумство и поддршка на едно згрижувачко семејство за тековни животни трошоци и развојни потреби на децата, кои добиваат не само материјална помош, туку и љубов и сигурност.

Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата „СОС Детско село“ отпочна во 2022 година кога една од куќите на локалитетот во населба Ченто беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, се издвојуваше одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над два милиони денари донирани на оваа организација.

„СОС Детско село“ во моментов се грижи за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Организацијата функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства.  Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца.