Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка

Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши – истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на проблемот.

Одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имал редовни месечни средби со директорите на клиниките изразувајќи загриженост и од страна на директорите и од Министерството, но и сите здравствени работници за системот кој е флексибилен и овозможувал дел од вработените во здравствениот систем да може да злоупотребуваат. 

– Веќе знаете, сите се вознемирени кога во фелата во која работат има процеси што може да влијаат негативно или кон нив како експерти поврзани со здравствениот систем или кон довербата кон докторите и кон здравствениот систем. Заедно со експертски тим ќе работиме понатаму и во новиот закон, кој е веќе на ЕНЕР, ставивме дел што ќе лимитира некои ограничувања, кои беа полабави сега, ќе бидат поефикасни. Но, од другата страна ќе бидат додефинирани тие процеси што не се добро дефинирани – рече Алиу.
 
– Целта реално е иста, и на директорите, и на вработените, и на Министерството, да имаме здравствен систем кој ќе биде транспарентен, ќе нуди здравствени услуги во реално време и здравствен систем во кој ќе имаат доверба сите наши граѓани. Свесни сме дека овој процес не може да се заврши и довербата да се врати бргу – истакна Алиу.

Реклама

Во однос на имињата на докторите и клиниките што правеле злоупотреби со работното време, нагласи дека тоа нема помогне во решавање на проблемот.

– Ние не се плашиме да кажеме пред вас и пред граѓаните дека, да, имаме проблем. Цениме дека тоа ни е првиот чекор за решавање на проблемот, соочување со проблемот и добро дефинирање на проблемот. Исто така, не сакаме од прес-конференцијата да направиме сензации и да спомнуваме имиња на институции или на доктори, тоа нема да влијае кон решавање на проблемот – додаде Алиу.

Очекува дека процесот ќе заврши административно бидејќи, како што нагласи, побитно е системот да се стабилизира и да креираат јасно дефинирани правила отколку да излезат и да се интересни за медиумите и за граѓаните ден-два и да се влоши системот. 

– Тоа не е клиничка злоупотреба, тие се ислучително големи експерти. Работат и таа експертиза што ја имаат во клинички процес е препознаена и од Комората, и од универзитетите, и од фелата, и не смееме да ги поврземе тие две работи. Не се работи за нестручен пристап кон клиничките процеси, туку се работи за административна процедура, која, за жал, и во законот не е добро дефинирана, значи толку е лабава и ние исто така треба да рефлектираме како Министерството што креира и прави закони. Законите мора да бидат добро дефинирани и да не овозможуваат системот да им нуди некаков вид злоупотреба, намерна или ненамерна – посочи Алиу.

Напомена дека процесот е отворен и оти прават компарација и административна, од страна на е-здратство и од страна на документите што ги имаат клиниките, како и експерти што креираат закони и ги анализираат прописите што треба да се адаптират и кои членови од законот треба да се реформулират, со цел во иднина да нема таков тип на организирање на платите во здравствениот систем.