Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето

Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита од пушење.

– Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно – тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата. Суштината е дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и економски товар за нашата државата. Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13 отсто од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители наспроти европскиот просек од 95 отсто – истакна министерот Алиу.

Тој посочи дека, освен здравствениот аспект – економскиот товар е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи, односно за секој денар што влегува во буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици. Работниците во угостителството, нагласи, се најизложената група на штетните последици од пушењето. Потенцира дека со овие законски решенија чистиот воздух на работното место станува право на секој работник.

Реклама

– Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето нема да одговара за туѓото однесување. Во однос на грижите за вработените во угостителскиот сектор, научните сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителскиот сектор. А истражување спроведено во нашата држава од декември 2025 година покажува дека само 14 отсто од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, а околу 50 % се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад. Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите. Предвидени се и разумни преодни периоди – шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси – заклучи министерот Алиу.