Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

🎥 Алиу: Се работи на расчистување на грозоморното убиство на пациентот во Бардовци

„Монструмот“ од болницата во Бардовци и бруталното убиство направено со убоди од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Монструмот“ од болницата во Бардовци и бруталното убиство направено со убоди од стаклено шише е потврда дека освен пари во здравството треба сериозно да се инвестира и во човечки ресурси за да не се случуваат вакви трагедии. Министерот за здравство Азир Алиу најави дека во тек е постапка за утврдување на одговорност за бруталното убиство кое го изврши 35 годишниот Димитар Спасов од Неготино и со стаклено шише го усмрти 62-годишниот И.Т од скопско Љубанци. Алиу вели дека уште пред месец дена алармирал за потребата од инвестиции за болница во Бардовци, но и дека се преземаат сите мерки за да се расчисти случајот. Постапката на надлежните треба да даде одговори дали убиецот претходно слободно се шетал на слобода и вработените во Бардовци го пријавувале за проблематичното поведение, како што објавија дел од медиумите.

Пред два дена, Спасов крвнички со стаклено шише го удирал 62 годишниот пациент кој од силните удари паднал во бесзонание. Тој веднаш бил пренесен на Клиничкито центар во Мајка Тереза, но за жал, по еден час подлегнал на повредите.

Тој бил насилник, за што сведочат и снимките кои сам ги споделувал на Фејсбук.

Реклама

На друго видео што самиот го обајвил се слуша како на цимер од собата му му дава насоки да претепа пациент.

Инаку, Димитар Спасов по вторпат ја згрозува јавноста со убиство. Тој е осуден пред повеќе од една деценија за убиство на мајка си кое го извршил коога имал 23 години, во стан во центарот на Неготино. Мајка му на Спасов имала десетина убоди од нож по вратот, стомакот и градите Уште по грозоморно е тоа што тој беше фатен од комунални работници кога во контејнер го фрлал трупот облеан во крв. Откако приведен го признал убиството. Димитар тогаш бил студент на Факултетот за физичка култура во Скопје, а вежбал и кикбокс. Мајка му била хигиеничарка во здравствен дом, а татко му бил стоматолог, но починал неколку години пред убиството.Синот монструм дури се пофалил и на „Фејсбук“ дека ја убил мајка си.