Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Алиу: Подготвивме значајни измени на Законот за здравствената заштита, сите засегнати страни имаат можност да достават предлози на ЕНЕР

Министерството за здравство информира дека подготви повеќе важни измени и дополнувања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани во согласност со утврдената процедура.

Министерот за здравство Азир Алиу појаснува дека сите забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени предвид во финалната верзија на новиот предлог-закон за здравствена заштита. 
 
– Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени предвид во финалната верзија на новиот предлог-закон за здравствена заштита. Од досегашната примена на законот произлезе потребата да се направат измени и дополнувања во делот на постапката за вработување здравствени работници и соработници во ЈЗУ, статусот на директорите на јавните здравствени установи, специјализациите и супспецијализациите, како и условите за пензионирање на здравствените работници и работа по пензионирањето, како и усогласување со други прописи – изјави министерот Алиу.
 
Меѓу позначајните предлог-законски измени, како што се наведува, е приоритетното вработување на најдобрите по успех дипломирани доктори на медицина на медицинските факултети во нашата држава. За нив, доколку се пријават на оглас за вработување, нема да се спроведува постапка за селекција на кандидат, туку тие приоритетно ќе се вработуваат во јавната здравствена установа. Во постапката за вработување предвидено е составот на комисијата за селекција на кандидатите да го предлага стручниот колегиум на установата за секое огласено работно место посебно. Во согласност со резултатите од постапката за вработување, директорот е должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.
  
– Со цел правилно планирање на потребите за специјалистичките и супспецијалистичките кадри во државата и можностите за спроведување на специјализациите и супспецијализациите, во иднина Владата, покрај програмите за државни специјализации и кофинансирани специјализации, ќе донесува и програма со која ќе се определи бројот на приватни специјализации, односно супспецијализации, соодветно на потребите за медицински кадри. Исто така, се зголемува и возраста за ангажирање искусни кадри доктори на медицина од дефицитарни специјалности/супспецијалности и искористување на нивната стекната стручност. За овие лица се овозможува од 67 години до навршување 70 години возраст со договор да бидат ангажирани во здравствени установи во мрежата и да ја задржат пензијата. Ангажирањето ќе биде врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравственото осигурување доколку нема повеќе услови за извршување на определена здравствена дејност или за извршување на непрекината дејност – додава министерот Алиу.