Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Алиу: Почнавме со анализа на податоците за воспоставување регистар на човечки ресурси во здравствените установи и за да се одговори на потребите со кадар

Министерството за здравство почна со анализа на податоци на моменталната ситуација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство почна со анализа на податоци на моменталната ситуација на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ државата.

Ресорниот министер Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека станува збор за почеток на воспоставување регистар на работници во областа на здравството и дека ќе можат да го следат движењето на човечките ресурси во здравствениот систем, од пензионирања, нови вработувања, специјализации, до префрлувања од една во друга здравствена установа.

Посочи дека тоа значи дека кога ќе се зборува за нови вработувања тоа ќе биде одговор на конкретни потреби да здравствениот систем. Кога ќе кажеме дека ќе се зајакне примарното здравство во некоја општина, истакна Алиу, точно ќе знаеме колку лекари и сестри треба да има таму, кога ќе кажеме дека нема да дозволиме да има градови со двојно помалку лекари по жител, ќе знаеме како да го исправиме тоа.

Реклама

Според анализата, во државата има вкупно 3.779 здравствени установи од кои 2.942 се во мрежата на здравствени установи, а надвор од мрежата се 837 установи.

– Од 2.942 здравствени установи 2.830 се приватни (ПЗУ), а 112 се јавни установи – од кои 108 се јавни здравствени установи (ЈЗУ) и 4 институции кои даваат јавни здравствени услуги, како што се Воено медицински центар, МАНУ, Универзитет Св. Кирил и Методиј-Медицински Факултет и Фармацевтски Факултет – Скопје. Бројот на вработени во јавен и приватен сектор изнесува 32.383, од кои 18.536 се во ЈЗУ, а 13.847 во ПЗУ. Од 13.847 вработени, 9.040 се лекари и членови на тимот во примарно здравство, а останатите 4.807 се вработени во приватни здравствени установи (сите вработени во здравствен сектор), рече Алиу.

Од 18.536 вработени во јавното здравство, посочи министерот, 4.746 се лекари и медицински соработници на секундарно и терциерно ниво. Во јавните здравствени установи има 7.003 медицински сестри, како и останат медицински и немедицински кадар.

Тој истакна дека не верува во политики без податоци и затоа го почнале овој процес, го воделе како проект на вкрстување на податоците од јавните здравствени установи и приватните здравствени установи и ги поврзале сите нивоа на здравствената заштита, односно примарно, секундарно и терциерно ниво, ја анализирале дистрибуцијата во сите општини и региони, податоците ги класифициравме по специјалност, по профил и по тип на установа.

Според него, ова е почеток на воспоставување регистар на работници во областа на здравството каде податоците ќе може да ги гледаат во реално време и да креираат здравствени политики базирани на точни и навремено ажурирани податоци.

– Оваа анализа произлезе од еден темелен институционален процес на вкрстување на податоци од повеќе институции, како што се Централен регистар, Агенција за вработување, Лекарска комора, Стоматолошка комора, Фармацевтска комора, Управа за електронско здравство и Фонд за здравствено осигурување. Здравството не може да се реформира „на слепо“, не може да се планираат дежурства, листи на чекање, специјализации, интервентни тимови и здравствени услуги блиску до домот на секој граѓанин, ако не знаете точно колку луѓе работат во системот, каде работат, со каква стручност, додаде Алиу.