Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Македонија

Алиу: Најдобро и најевтино е новиот клинички да биде кај 8 Септември

Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција.  Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. 

Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни најмалку четири години за новиот клинички да биде завршен. Министерот подвлече дека тој временски период не е мал и додаде дека таму каде што сега се вложува, нема да се руши просторот, па, оценува дека не е грешка да се инвестира.

– Не е трошење пари за џабе – подвлече тој.

Реклама

На новинарско прашање, Алиу одговори дека во Министерството за здравство, како и на Инфективна клиника, ТОАРИЛУЦ, Трансфузиологија, веќе делумно функционира фингерпринтот – односно идентификација со отпечаток од прст на вработените во овие установи. Се работело тоа да се прошири и на другите клиники.

Се работело на чекалните во болниците, да се направат како што треба. Рече дека ќе биде поевтино да се оди за цела држава, наместо посебно за секоја клиника да се бара и да се купуваат столчиња. Се работело и на тоа да се реши проблемот со кречењето. 

На прашање дали ќе бидат опфатени и тоалетите, министерот одговори потврдно.

-На Онкологија е почнато со реновирање на тоалетите. На онкологија во план е да се гради плус уште еден кат – најави министерот, меѓу другото. 

Тој информираше и дека се работи на дигитализација во здравството. Се работело со картичка пациент да оди кај лекар, на преглед, да се има евиденција колку време чека еден пациент. Ова, наместо да му даваат бројче и да чека со ливче за да може да се следи системот.

Министерот се согласи со констатацијата на еден од новинарите дека хигиената не е на ниво во дел од клиниките, додавајќи дека некои клиники немаат доволно хигиеничари.

Прашан за регионализација, тој кажа дека се прави функционална анализа, некои услуги ќе се затвореле во некои болници, ќе се инвестирало во најблиската болница до тој град – чекор кон регионализацијата.

По една година од преземањето на функцијата министер за здравство, тој рече дека е голема одговорноста да се води таков ресор – сензитивен како што е здравството, дека не е лесно.

– Периодот за една година е прекраток за да кажеме дека денеска имаме здравствен систем што е различен од вчера. Тоа што можам денеска да го кажам пред вас е дека денеска, тоа што го немавме пред една година, имаме јасна слика за здравствениот систем и јасна цел кај сакаме да стигнеме со реформите во здравството – и од инфраструктурна гледна точка и од човечки капацитети и од технологија и дигитална трансформација. Чест ми е денеска пред јавноста да кажам дека мапирањето на здравствениот систем ни ги кажа сите недостатоци во системот, но, исто така, ни даде – буст, ни даде енергија за да може да креираме и да предвидуваме проекти, со што здравството нема само да лечи, туку и ќе предвидува – истакна Алиу.

Според капацитетите и како држава и од финансиска гледна точка и од инфраструктурна гледна точка, тој рече дека на 24. овој месец, нашата држава или нашиот здравствен систем веќе станува дел од европските здравствени системи. 

– Така, ние ќе бидеме полноправна членка на EU4Health, на една од најголемите или најголемиот здравствен фонд во Европа, од кој што ќе црпиме финансиски средства од Европа, ќе црпиме и технички и експертиза од нив. Потоа, имајќи предвид дека знаеме што треба да промениме во здравството, од јули, ќе почнеме да аплицираме на оваа програма и се надевам дека ова ќе ни дојде дополнителна енергија со цел да може да се забрзаат реформите во здравството – подвлече министерот Алиу.