Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Алиу ќе координира со се околу трагедијата во Кочани, градот ќе добие центар за услуги и простор за млади

Новиот министер за здравство, Азир Алиу, ја презема координацијата по трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот министер за здравство, Азир Алиу, ја презема координацијата по трагедијата во Кочани. Министерството ќе го води целиот процесот на распределба на донации за семејствата на настраданите и повредените, со најавена работна група и јасна насока.

„Мислам дека е време да направиме строги протоколи како ние ќе работиме, кои ќе работи каков тип на услуги ќе нудиме, каков тип на инфраструктура ќе креираме, се со цел да не се дуплираат тие процеси. Исто така веќе креираме работни групи за кризен менаџмент кои што секој од нив ќе има јасно дефинирани опис на активности што ќе ги има“, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Министерството веќе има одговорено и на барањата за нов кадар и опрема за нега на овие пациенти.

Реклама

„Веќе е одговорено веднаш, знаете дека салата во подрумот на болницата интезивно се работи, веќе во фаза, мислам дека за две три недели ќе биде функционална“, изјави“, Алиу.

Алиу најави отворање на нов, иновативен младински центар во Кочани – простор за поддршка, активности и психосоцијална стабилизација. Во Скопје пак – прв тест за Алиу ќе биде ветената системска пристапност на Клиничкиот центар и решавање на хаосот со паркинзите. Министерот најави краткорочно и долгорочно решение кои треба да обезбедат нови 500 паркинг места.

„Ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори активности за да видиме точно колку паркинг места има внатре. По анализата длабока која ја правиме ќе видиме колку има пациенти кои ги користат тие паркинг места, колку вработени па ќе излеземе со решение“, изјави Алиу.  

Алиу најави пет столба за поуспешно здравство, три временски линии и еден транспарентен портал на кој ќе бидат сите податоци јавно достапни. За реализација на се што има замислено, министерот тврди дека ќе работат наменски групи од по 10 луѓе, кои ќе се среќаваат еднаш неделно, а помош од понеделник ќе пристигне и од Светската здравствена организација.