Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Алиу ги отфрла критиките за предизборни вработувања – вели дека тоа не биле нови, туку луѓе што биле привремено вработени

Вработување на административци без потпис на министерството за финансии. Ова е најновиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработување на административци без потпис на министерството за финансии. Ова е најновиот план на власта за полнење на јавниот сектор во пресрет на изборите. Со законски измени кои се веќе во собраниска процедура се отвора простор за вдомување на повеќе од илјада службеници. Толку барем засега е бројката на оние за кои во моментов има огласи за вработување. Идејата според Власта е за вработувањата да одлучуваат директорите, односно раководните кадри на институциите, што веќе го вјклучи алармот дека се прави простор за предизборни вработувања по партиски клуч. Власта сепак  се правда и уверува дека тоа не било така.

  • „Тие не се нови вработувања, туку се вработувања на луѓе коишто преку агенциите беа дел од тие институции. Со новите закони, од 2025 година, нема да може да има вработувања преку агенција за привремени вработувања. 2024 година ќе биде година на оптимизација на човечките капацитети во сите институции според новите закони“, рече Алиу.

Тој ги отфрла критиките дека ова се предизборни вработувања.

  • „Процесот е отворен, за да немаме вакви критики, не се донесе одлука директно истите луѓе кои со години работат да се префрлат од определено на неопределено, туку процесот е отворен и сега може да конкурираат и луѓе кои не се дел од тие институции“, рече министерот.

Наспроти оптимизмот од власта дека ова не било предизборен потуп, аналитичарите не се согласуваат со тоа. Владимир Божиновски смета дека Владата наместо да ја намалува јавната администрација, со овој предлог, директорите на инстуциите сами поттикнуваат зголемување на бројот на државни службеници.

Реклама
  • Тука има уште еден поголем проблем, а тоа е дека ќе се изгуби секаков вид на контола, колку толку што постоеше, во однос на новите вработувања. Едноставно наместо да идат тие нови вработувања преку еден центар, односно преку министерството за финансии. Кој што ќе може согласно буџетот, да види прво дали се неопходни, друго дали има пари за нив, сега буквално сите оние стотина министерства, институции, компании, акционерски друштва, кои се под државна капа, ќе можат сами да си вработуваат со што ќе се изгуби едноставно секоја можност за кава таква контрола за новите вработувања и може да настане еден своевиден колапс на системот, вели за Алфа универзитетскиот професор и аналитичар, Владимир Божиновски.

Новиот начин на вработување треба да стартува од први јануари, па така, секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сама ќе го прави планот за вработување, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој не гледа ништо спорно што предлогот е пред избори, и се правда дека тоа е дел од измените во Законот за буџет кој е во собраниска процедура.

Борис Грујоски