Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Алиу: Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата балканска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој – велат од Министерството за здравство. 

– Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа Министерството за здравство континуирано вложува напори во унапредување на педијатриската здравствена заштита – истакнал министерот Алиу во обраќањето на балканската штола на педијатрите.

Во таа насока, додал тој, фокусирани се на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема, како и јакнење на човечките ресурси.

Реклама

– Свесни сме дека без стручен и мотивиран кадар нема одржлив здравствен систем. Како дел од овие заложби, преку програмата за специјализации и супспецијализации, во изминатиот период преземаме конкретни чекори за надополнување на кадарот. Изминатата година одобрени се 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се преземени и вработени 15 приватни специјализанти, од кои некои се ангажирани на Универзитетската клиника за педијатрија. Со тоа директно придонесуваме кон намалување на дефицитот и зајакнување на системот – потенцирал министерот Алиу во обраќањето.

Тој посочил дека оваа школа е од исклучително значење бидејќи овозможува размена на искуства и знаења меѓу домашни и меѓународни експерти, а присуството на еминентни предавачи од земјата и од светски рамки дава дополнителна вредност и потврдува дека сме дел од современите текови во медицината.