Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд

На денот на стапување во сила на законите, Алијансата за Албанците поднесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денот на стапување во сила на законите, Алијансата за Албанците поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од пакетот „Safe City“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел секој закон да важи за сите граѓани, на целата територија на Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари.

Во врска со изјавата на Зијадин Села, на прашање поставено од новинарите, пратеникот Халил Снопче истакна:

„Сериозноста за ‘Safe City’ се мери со конкретни постапки, а не со политички изјави. Членот 9 од Уставот гарантира еднаквост за сите граѓани, додека спроведувањето на законот само во три града не е еднакво и не обезбедува униформност. Пратеникот Ријад Шаќири од собраниската говорница најави дека Алијансата за Албанците ќе поднесе иницијатива, додека Зијадин Села не беше присутен за време на гласањето на законот.“

Реклама

Алијансата за Албанците нагласува дека секој закон мора да биде правичен, еднаков и да обезбеди исти права за сите граѓани, без исклучок.