Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Алфа дознава: Откако пропадна тендерот, сега Министерството за здравство само ќе ја решава катастрофата со пумпите на Клинички

Министерството за здравство само ќе обезбедува финансиски средства за набавка на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство само ќе обезбедува финансиски средства за набавка на нова компресорка станица на Клинички – тоа е идејата на министерот Арбен Таравари што ќе ја достави до Владата, дознава Алфа. Ова би значело дека набавката, монтажата и пуштањето во работа на кислородните пумпи во најголемиот здравствен центар во Македонија, целосно да бидат во рацете на министерството за здравство. Од кабинетот на министерот велат дека со новиот начин за набавка на нова компресорска станица се ќе биде побрзо и поедноставно.

Министерството за здравство ќе ја извести Владата и ќе и предложи обврската околу активностите за објавување на постапка за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух да ја преземе Министерството. Финансиските средства потребни за спроведување и реализација за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух ќе ги обезбеди Министерството за здравство, со што нема да постои обврска на ЈЗУ да го плаќаат предметот на набавка” – велат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, продолжува неизвесноста кога нормално ќе профункционираат хируршките сали на Клинички. Откако, ниту една фирма не се јави на тендерот за набавка и пуштање во работа на нов систем за кимпримиран воздух во вредност од околу 300.000 евра. Поради ова дополнително се пролонгира првичниот рок најавен од министерот за здравство дека за 6 месеци ќе биде поставена нова компресорска станица.

Реклама

Во летните месеци олеснителна околност е што се редуцирани хируршките интервенции поради одморите и топлото време, но се поставува прашањето: што ќе се случува на есен, дали ќе има дополнителен хаос или надлежните ќе изнајдат решение.

Инаку, колапсот на хируршките клиники настана пред два месеци кога беа затворени сите сали а на стотици пациенти им беа одложени операциите. Од заедничките служби на клинички тогаш кажаа дека пред неколку години алармирале, дека компресорската станица треба да се промени, но досега никој не направи ништо.