Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Алфа дознава: Муцунски ги поништи постизборните огласи на Oсмани

Муцунски му ги поништи огласите на Османи. Алфа неофицијално дознава дека шефот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Муцунски му ги поништи огласите на Османи. Алфа неофицијално дознава дека шефот на дипломатијата одлучил да поништи огласите за дипломати оти тие биле објавени незаконски, веднаш по завршување на изборите. Официјална потврда за ова од министерството се уште нема, но како што дознава Алфа станува збор за огласи кои објавени пред формирањето на новата влада, за позиции таксани за кадри на ДУИ.

Муцунски уште во старт на мандатот најави дека ќе преиспитува што се случувало во последните три месеци од работењето на Бујар Османи, кој во финишот од неговиот мандат распишал дури 16 интерни огласи и на работа во дипломатско кознуларните претставништва испратил 14 нови дипломати. Од нив седум беа пратени на мандат во дипломатско – конзуларните претставништва, а седум на испомош. Односно, пред да се збогува со министерската кариера Османи распиша конкурс за дипломати во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев и во генералниот конзулат во Њу Џерси.  За пониски дипломатски звања се бараа заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен.

За распишување на огласите од МНР тогаш се правдаа дека станувало збор за редовни административни циклуси, иако за конкурсот остри реакции и осуди имаше од поранешни дипломати, министри за надворешни работи, како и македонскиот дипломатски синдикат.

Реклама

Османи се обиде масовно да испрати дипломати на мисии и за време на предизборниот преиод, но не успеа, бидејќи законот забранува такви одлуки за време на кампања. Османи беше и под лупата на антикорупциската комисија, бидејќи 15 служебни возила на МНР и две на агенцијата за разузнавање се користеа во партиски цели на локалните избори. Скандал за кој од тогашната влада побараа само објаснување.

Инаку до сега на консултации во Скопје се повикани тројца амбасадори. Љубомир Фрчковски, македонски амбасадор во ОН, Весел Мемеди амбасадор во Италија и Данчо Марковски, амбасадор во Албанија. Фрчковски е повикан поради сомнежи за финансиски малверзации и непочитување на препораките на МНР, Мемди доаѓа од Рим за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасошите со новотo име, а Марковски, по скандалозниот попис во Албанија.