Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Алфа дознава: Лекар од ГАК позитивен на Ковид19 одел на работа со симптоми,дали клиниката, родилките и бебињата се безбедни?

Страв и паника кај здравствените работници од Клиниката за Гинекологија и Акушерство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Страв и паника кај здравствените работници од Клиниката за Гинекологија и Акушерство. Лекарот Пајтим Асани пред десетина дена одел цела недела на работа со симптоми на коронавирус пред да биде тестиран. Директорката на ГАК Јовановска за Алфа вели – специјализантот Асани немал никакви симптоми, ама сам решил да се тестира бидејќи бил од кумановскиот регион но и учествувал во пораѓање на родилка позитивна на корона. На неговото тестирање тој е позитивен на ковид 19. Драматично,е што Асани, следниот ден прави уште два теста едниот во државна лабораторија другиот приватно, резултатите веднаш ги добил – и двата биле негативни:

“Во ЦЈЗ се тестирал самоиницијативно заради тоа што бил на породувањето на родилка позитивна на Ковид. И тој тест е позитивен, тоа е во сабота. Во недела прави уште еден тест, заради тоа што му се јавиле од јавно здравје дека тој тест кога му го зимале во истиот момент пристигнале 200 теста од Куманово и за да нема грешка, му се јавиле да направи уште еден тест.И тој тест е негативен, за да не биде дека има само еден негативен тој прави тест и во Систина.” – вели за Алфа, директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Ама тука не завршува приказната. Имено како е можно за само два дена тестовите на Институтот за јавно здравје да покажат два различни резултата? Дали се точни тестовите во ЦЈЗ и зошто здравствените работници не им веруваат па се тестираат и приватно?  Министерот Филипче и по овој случај уверува дека тестовите се релевантни.

Реклама

“Два типа на тестови на атиген и антитела во даден момент – тестовите на антиген и антитела можат да бидат со соодветна комбинација или во која фаза од болеста или состојбата еден е позтивен друг е негативен и тука има бројни седум, осум комбинации на кој кој пациент е позитивен на вирусот.” – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Ова не ја расветлува до крај дилемата за тестовите. Но и за ситуацијата сега на ГАК. Дали бебињата и родилките се безбедни?

Инаку бројот на заболени здравствени работници во земјава секојдневно расте, денеска е потврден нов од ГОБ “8-ми Септември”, пред два дена двајца медицински работници се позитивни на заразата и во Поликлиниката Чаир.Според последните официјални бројки позитивни на Ковид19 се повеќе од 220 здравствени работници.

 

Ања Василева