Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Албанскиот амбасадор Меидани во посета на Дебар

Албанскиот амбасадор во нашата земја, Денион Меидани, денеска беше во посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот амбасадор во нашата земја, Денион Меидани, денеска беше во посета на Дебар при што оствари средба со градоначалникот Фисник Меља, кому најпрво му го честита изборот, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

-Средбата се одржа во дух на отворена соработка, отсликувајќи ги одличните односи меѓу институциите и заедничкиот интерес за развој на регионот, информираа од општината.

За време на разговорот, градоначалникот Меља ја истакнал важноста на прекуграничните проекти, а особено напредокот кон функционалноста на проектот „One Stop“ на граничниот премин “Блато”, кај Дебар.

Реклама

-Тоа е значаен чекор за олеснување на движењето на возилата, скратување на процедурите и зголемување на ефикасноста во преминот на граѓаните меѓу двете земји. Тој нагласи дека оваа иницијатива директно ќе придонесе за економска соработка, развој на туризмот меѓу Дебар и околните региони, додаваат од општината.

Амбасадорот Меидани високо ја оценил работата на Општина Дебар и ја потврдил континуираната поддршка на Амбасадата на Република Албанија за проекти кои ја подобруваат инфраструктурата и прекуграничната соработка. 

Тој изразил уверување дека проектот „One Stop“ ќе биде едно од најконкретните придобивки за граѓаните и пример за успешна регионална соработка.

Двете страни се согласиле да ја продлабочат комуникацијата и да поттикнат нови проекти што ќе придонесат за одржлив развој и олеснување на секојдневниот живот на граѓаните од двете земји.