Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Албански аналитичари: Заев е аут, барал помош од Тирана и Приштина, но го одбиле

Заев е аут, смета аналитичарот Арсим Зеколи. Според неговите зборови супериорниот блеф…

Сподели:

Заев е аут, смета аналитичарот Арсим Зеколи. Според неговите зборови супериорниот блеф на З.З. пукнал како меур, пред се откако добил ладен туш од политичките лидери од Тирана и Приштина. Како што пишува Зеколи на Твитер, повикувајќи се на добро познат и информиран албански новинар од Тетово, Заев последниве денови грчевито се борел за поддршка од лидерите во Албанија и Косово, за разубедување на Али Ахмети, но му било пренесено дека не сакаат да се мешаат.

-Кога ЗЗ замина на одмор (до Август), сдмовците рекоа дека тоа е чин на суперирност, на победник. По таа логика, прераното враќање треба да се разбере како акт на инфериорност, на губитник, пишува Зеколи.

Дека СДСМ не е победник на изборите, смета и аналитичарот Агим Јонуз.

Реклама

-Ситуацијата на привидно водство на СДСМ од два пратеника е ситуација од која било кој може да тргне во некаква позиција, реалната ситуација е пата пата. Проблем е политичкиот консеквенс од сето тоа, значи ниту ќе имаме јака позиција, ниту јака опозиција, изјави Јонуз.

Со оглед тесната изборна разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се повеќе се споменува опцијата за трансфер на пратеници. Според познавачите во оваа ситуација во понезавидна позиција е СДСМ, со оглед на тоа што никако не можат со сигурност да сметаат дека четирите пратеници од БЕСА ќе останат со коалицијата „Можеме“ во Собранието.

Ситуацијата за владејачката партија ја усложнува и фактот што од 46 пратеници дури 12 се од коалиционите партнери на СДСМ, додека од листите на ВМРО-ДПМНЕ, само четири мандати добија пратеници кои не се од партијата. Според Јонуз, со предизборната коалицијата Билал Касами ја спасил партијата од смрт.

-Партијата БЕСА направи еден лупинг кој што е многу корисен за самата партија, затоа што доколку тоа не го направеше тоа ќе беше мртва партија. Она што БЕСА го доби е лотарија и со својата лотарија може да прави што сака, изјави Јонуз.

Дека СДСМ направиле лоша проценка со предизборната коалиција со БЕСА согласен е и Зеколи.

-Беса на претходните избори во Тетово имала 8.512 гласа, а СДСМ 7.252. На овие избори, пак, коалицијата “можеме” освои вкупно 7.417 гласа, што практично значи дека ниту еден од тогашните гласови на Беса, не отишле на контото на СДСМ, пишува Зеколи.

Се уште во игра останува и опцијата за формирање широка Влада, со оглед на позицијата која ја има ДУИ, како клучен фактор со 15 пратенички мандати. Според познавачите доколку интегративците останат на барањето за Албанец премиер, опцијата за широка коалиција станува многу реална.

Матеја Петровски