Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Алармантна состојбата со водата за пиење во Охрид и Струга

Охриѓани и стружани, сами ќе си го испијат езерото-поради неповолната хидролошка состојба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓани и стружани, сами ќе си го испијат езерото-поради неповолната хидролошка состојба, пресушуваат изворите од кои двата града се снабдуваат со вода за пиење. Ситуацијата е повеќе од аларманта во Струга, каде со денови граѓаните неможат да ја изгаснат жедтта,бидејќи немаат капка вода,а јавното претпријатие “ Водовод” сред пандменија,почна со рестрикции. На стружани им останува или како индијанци да танцуваат за повикување на дожд,или со лажица да пијат вода од езеро.Првиот човек на струшко “Водовод”  вели дека 3 дена биле буквално суви изворите кои го снабдуваат градот со вода.Додава дека бараат решение, но за тоа треба и време и пари.

Веќе 4, 5 месеци не паднало ни капка дожд и Водовод и канализација Струга за несреќа нема друга опција за сега.Имаме планирано да се направи нешто, но за тоа треба време  и сретства.Во тек сме да средиме, но ќе ни треба помош и од Владата за сретства.Првото решение ни е наједноставно, од езеро да земеме по примерот на Охрид-велиДашмир  Насуфи –дир.на Ј.П.” Водовод”.

Инаку и Охрид, веќе еден месецпотребите од водоснабдување ги задоволува со испумпување на вода од Охридското езеро оти издашноста на Летничките извори е мала, а Билјанините секнаа. Бидејќи изворската вода не е доволна,принудени сме или да ја користиме езерската вода или да копаме бунари-вели  директорот на охридски “Водовод.”

Реклама

Нема, ќе треба да се бараат бунари, ископини бунари за да се обезбедува вода. Економски неисплатливо е да се црпи вода ако имаме по слободен пат вода.Пумпите не оптеретуваат со многу струја, така да не е исплатливо да се испумпува вода од езерото за снабдување на градов-велиСветозар Стефановиќ-дир.на Ј.П” Водовод “ Охрид.

Но експерската јавностго наметнува прашањето, дали може перманентно да се користи водата од Охридското езеро за пиење и колку е ова решение издражано?

Крајна алернатива е да се користи вода од Охридско езеро за која што треба добро прочистување филтрирање и дизинфекција.Се искористуваат колку што знам и подзмените води, меѓутоа треба поголеми напори да се вложат во подетални истраги врз основа на она што го имаме како подземни резервоари и нивно одржливо користење-вели Ѓоко Зороски-инг.по животна средина.

Во Струга допрва ќе се мапираат изворите кои имаат голема издашност и кои во иднина би можеле да се користат за водоснабдување.До тогаш ако потрае дождливото време, струшки водовод ќе ги укине рестрикциите за вода и ќе бара начин што побрзо да се овозможи користење на езерската вода за пиење како што  тоа го прават охриѓани.

Росица Голабоска