Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Активни шест пожари, четири ставени под контрола

Од  земја и воздух се гаси пожарот на планината Плачковица, што рано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од  земја и воздух се гаси пожарот на планината Плачковица, што рано изутрината го зафати атарот на селото Јунузлија, во општина Карбинци. Огнот се шири кон село Калузлија и воениот аеродром. Поради непристапноста на терен, возилата не можат да се пробијат, па пожарникари и вработени во Национални шуми со метли и пумпи ги гасат пламените јазици. Според првичните сознанија, постојат индиции дека пожарот е подметнат.

 „Од она што го разговарав утрово, има такви индиции затоа што луѓето од Македонски шуми, кои биле на терен виделе човек, како се движи во тој предел. Се работи за пожар кој избуванал рано утринава помеѓу 5-6 часот кога и температурите не се толку високи„ изјави Виктор Пунов, градоначалник на Карбинци.

И на планината Серта, меѓу селата Селце и Драгоево, се уште е активен пожарот кој изби пред два дена. Неколку пинцгауери се на терен и помагат на штипските пожарникари.

Реклама

Веќе деветти ден се води борба и за планината Готен и Малешевските планини да се спасат од огнената стихија. Пламенот кој доаѓа од  страната на општина Василево,  од каде што и почна да се шири пожарот е ставен под котрола. Единствена критична точка  сега останува делот над Радовиш.  Се очекува и помош од воздух.

  „Пожарот на беровската страна  во текот на денот ќе биде  ставен под контрола. Таму се работеше во текот на целата ноќ. Единственото место коешто е доста ризично и е наша приоритетна цел е кракот над Радовиш.Таму работи механизација ,  имаме и доста копнени сили„ изјави Кире Михаилов, зам. директор на ЈП Национални шуми„

Во изминатотот денононоќие во државата се регистрирани вкупно 33 пожари. Се уште е активни пожарите во прилепско  и Македонски Брод.