Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Активисти на „Стоп за Усје“ ја блокираа улицата пред МЖСПП

Иницијативата „Стоп за Усје“ спроведува герила акција пред Министерството за животна средина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативата „Стоп за Усје“ спроведува герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со блокирање на сообраќајницата „Филип Втори“ во центарот на Скопје.

Како што посочија активистите, денеска  е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола што ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, која ќе важи во наредните седум години и со која се одредува под кои услови смее да работи фабриката.

Со герила акцијата пред МЖСПП велат дека сакаат да испратат порака оти граѓаните внимателно го следат процесот на издавање на дозволата и дека се заинтересирани за јавната расправа поврзана со неа. Нагласуваат дека јавноста внимателно го следи процесот и одлуките поврзани со работата на фабриката и додаваат дека станува збор за „одлука што директно ќе влијае на воздухот што го дишеме“.

Реклама

-Со оваа дозвола се одредува: каква технологија и какви филтри мора да користи „Усје“, до кои граници смее да загадува, кои параметри мора да ги мери, колку често и дали јавно мора да ги мери и објавувa резултатите. Ова директно влијае на воздухот што го дишеме. Ајде да покажеме дека следиме. Правиме герила акција пред МЖСПП, да им дадеме до знаење на институциите дека граѓаните се будни, внимателно следат и се свесни за јавната расправа за дозволата, порачаа од „Стоп за Усје“